Куба каква што нема да ја гледаме уште долго!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 26.11.2016 - 20:27

Вчера почина кубанскиот лидер на револуцијата и исконската фигура во современата историја, Фидел Кастро, на 90 годишна возраст, оставајќи ги многумина загрижени за иднината на овој независен остров.

После неговата смрт Куба најверојатно повеќе нема да постои во оној формат што го познаваме, па доколку не сте биле досега, ви препорачуваме да го доживеете нејзиниот вистински дух што поскоро.

За да оддадеме почит на крајот на една ера и Куба во својот полн автентичен сјај, се обративме кај најдобриот македонски блог за патувања - "Моите патувања".

Во продолжение погледнете го духот на Куба преку одличните фотографии од овој блог, а за повеќе корисни информации и фотки, ви препорачуваме да ги прочитате сите делови од кубанската приказна на "Моите патувања".

*Блогот за Куба е напишан во 2011 година, така што може да има одредени промени во летовите и сместувањата.