Кристијано ги замени другарите со атрактивна бринета.

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 07.06.2016 - 16:02

Еден од најдобрите фудбалери, Кристијано Роналдо, веќе неколку дена е на Ибица каде убаво се забавува со своето друштво, после сезоната во која ја освои титулата во Лигата на Шампионите со Реал Мадрид, даде многу голови и освои нови рекорди.

Претходните неколку дена можевме да го забележиме исклучиво во машко друштво, а потоа одлучи дека е доста од "апстиненцијата".

Папараците го демнеат Роналдо од секој агол. Така успеаја да го фотографираат во опуштена атмосфера на плажа со атрактивна бринета.

Претходно беа објавени и фотографии на кои можеа да се забележат двајцата во многу интимни пози на јахта.