Кристиан Бејл го смени личниот опис поради улога

Кристиан Бејл го смени личниот опис поради улога

Кристиан Бејл важи за еден од актерите кој е спремен на се за да добие улога, па дури и драстично да го промени својот изглед.

За улогата во биографскиот филм за Dick Cheney, Бејл се здебели до непрепознатливост, а потоа се ишиша на кратко, што не им се допадна на фановите и медиумите.

Сепак актерот сето тоа го врти на шега, вели дека сега јаде се што ќе стигне, а неговиот нов изглед посебно и се допаѓа на неговата сопруга Сиби, која не ја тргна насмевката додека оваа недела го следеше на црвениот килим на премиерата за филмот Hostiles.

Бејл е познат по драстичните промени за улогите – 2004 година ослабе за улогата во филмот The Machinist, а година подоцна глумеше набидлан во филмот The Batman Begins.