Креативни работилници и голема роденденска забава за деца во Скопје Сити Мол!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 29.09.2016 - 16:50

Децата се раѓаат со природна потреба за осознавање нови нешта и силна љубопитност што треба да се негува, за да не ја потиснеме нивната природна желба да учат и да осознаваат.

Нема сомнеж, креативноста е природна и неопходна во животот на децата колку што се свежиот воздух и сонцето! Изложувајќи ги децата на креативни искуства им подаруваме богато детство и силна подлога за креативно изразување понатаму низ животот.

Креативноста подразбира процес на формирање оригинални идеи преку истражување на околината и нурнување во фантазијата.

Научниците сметаат дека најоригиналните идеи се производ на децата од најмала возраст, кога нивните мозоци ја исцрпуваат креативната мисла за да ги разберат нештата што се непознати за нив. Детскиот мозок прави милиони нови поврзувања од секои стари и нови сознанија што ги прима, со цел да изведе логична мисла.

Без разлика што сакаме да им пренесеме на нашите деца, треба да бараме креативен начин тие содржини да допрат до нив.

Овозможувајќи им на нашите деца да бидат дел од креативни работилници, креативни игри и настани, ние им создаваме прекрасен свет на мисловни игри со фантазијата. Секое дете различно го прима надворешниот свет и го гради својот уникатен детски свет. Колку таа фантазија ќе стане силна и шаренолика зависи од различните искуства што им ги приредуваме на нашите малечки.

Скопје сити мол се стреми да создава креативен свет што ќе ги инспирира малите мозочиња да креираат чуда со нивната фантазија. Затоа за својот четврти роденден организираше креативни работилници за цртање на керамика и изработка на уникатни предмети и украси во кои ќе уживаат и ќе ги развиваат своите вештини и таленти водени од врни ментори за уметност и работа со деца, Љупчо Бојаров и Ивана Мојсовска, како и Ceramica Caffe.

Децата ќе можат заедно со своите другарчиња да бојат на џиновски цртеж со површина од 4 м2, кој подоцна ќе биде изложен во молот, што ќе претставува извонредна можност за изразување на креативната оригиналност што ја имаат во себе.

Додека родителите ќе имаат можност да шопингуваат на попуст и до полноќ на 1 октомври, нивните најмили ќе можат да бидат дел од големата роденденска забава во игротеката Имагинариум, каде ќе ги забавуваат аниматори и ќе дуваат свеќички на роденденската торта. Влезницата за забавата и за работилниците што ќе се одвиваат во игротеката Имагинариум, изнесува симболични 100 денари.