Конте не знае да го убеди клубот да купува играчи!

Конте не знае да го убеди клубот да купува играчи!

Тренерот на Челси, Антонио Конте смета дека му е тешко да ја убеди управата да му донесе нови играчи.

Челси оваа сезона игра под очекувањата, а клубот од „Стемфорд Бриџ“ донесе неколку погрешни одлуки во минатото, како на пример трансферот на Матиќ во Јунајтед, или пак претходно, дозволувањето на Лукаку и Де Брујне да го напуштат клубот. Многумина го обвинуваат и Конте за лошите резултати, а тој признава дека е лош во убедувањето на управата да му донесе нови засилувања.

„Мислам дека сум катастрофален во убедувањето на клубот да купува играчи. Мислам дека можам да напредувам доста во тој поглед. Морам да научам многу од другите тренери. Треба повеќе да разговарам со тренерите кои што се многу добри во убедувањето на клубовите да трошат пари за купување на нови врвни играчи. Сепак, преодниот рок е сега тема која што е затворена“, изјави Конте и додаде:

„Од сопствено искуство, можам да речам дека најчесто ги постигнувам најдобрите можни резултати со играчите кои што ми се на располагање. Мислам дека сум тип на тренер кој што може еден играч од шестка да го направи осмица, а од осмица во десетка“, изјави Конте.