Конечно пристигна видео играта Final Fantasy XV

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 30.11.2016 - 16:55

Скоро една деценија откако беше најавена, вчера конечно пристигна долгоочекуваната видео игра Final Fantasy XV, а корисниците се надеваат дека долгото чекање ќе им се исплати во вид на одлична игра.

"Digital Spy" пренесува дека играњето на првиот дел од играта на Play Station 4 ќе бара 6.593 GB, додека целокупната верзија ќе бара дури 50.968 GB.

Ни XBox One нема да помине нешто подобро, бидејќи ним ќе им бидат потребни дури 51.82 GB за оваа игра.

Интересно е дека на страната на PlayStation Store покрај играта стојат спецификациите од 40GB, но "GameSpot" наведува дека тоа несогласување настанало поради тоа што спецификациите биле објавени пред комплетното завршување на играта.

Компанијата "Square Enix" која стои зад играта наведува дека во план се неколку надополнувања на играта, а уште во декември ќе пристигне надоградбата која ќе го зголеми бројот на фрејмовите во играта.

Погледнете го трејлерот!