Конечно, дислајк на Фејсбук

Извор: fakulteti | Објавено: 06.03.2017 - 12:21

Корисниците на социјалната мрежа „Facebook“, со години можеа само да лајкнуваат објави, па бараа од Марк Цукерберг да воведе и опција „dislike“ со која би можеле да го изразат незадоволството на објавите и фотографиите на оваа мрежа.


Шефот на социјалната мрежа уште одамна истакна дека нема да ја воведе таа опција, но во компанијата сепак се одлучиле на промени, па воведоа реакции кои ќе можат да се искористат на објавите. Една од нив е и лутото смајли со кое се изразува незадоволство.

Сепак, палецот свртен надолу, наскоро би можел да биде достапен на оваа мрежа, но барем за сега, корисниците нема да можат да ја користат опцијата „dislike“ и тоа на „news feed“, туку би можело таа опција да биде достапна на „Messenger“.

Имено, компанијата во моментов ја тестира ваквата опција на „Messenger“. Уште не познато дали наскоро опцијата и ќе биде претставена како новитет, а корисниците се надеваат дека освен во „Messenger“, опцијата ќе биде достапна и на „news feed“.