Компанија ја претвора пепелта од саканите во винил плоча

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 16.02.2017 - 16:43

Кај западните земји е доста пространета идејата да се кремираат остатоците од саканите, а понекогаш е навистина тешко да одлучат што да прават со пепелта.

Но, оваа британска компанија "Vinyly" сега најде нов начин да се оддаде почит на починатите членови од семејството, претворајќи ја нивната пепел во винил плочи.

Она што е најубаво во оваа идеја, е тоа што кога ќе ја пуштите плочата ќе го слушнете гласот на вашите сакани, велат од компанијата.

Целосниот процес е комплетно персонализиран, па членовите на семејството можат да одберат неколку опции како што се свирење на нивната омилена песна, нивниот глас како зборува во позадината или целосна тишина.

Цената за оваа услуга се движи од 3.500 долари, па нагоре.