Колку време треба да поминете во теретана за идеалното тело?

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 26.01.2017 - 21:15

Многумина се прашуваат колку време треба да поминат во теретаните за да дојдат до идеалното тело. А, овој пат ја имаме точната мерка за тоа!

Имено, личниот тренер Боби Максимус вели дека го открил точниот број на часови кој некој треба да го помине вежбајќи, доколку сака да доживее потополна трансформација на телото.

Боби тврди дека за тоа се потребни 130 часа, односно доколку одите во теретана пет пати неделно, за резултати кои ќе бидат видливи ќе ви бидат потребни шест месеци.

Дури после тие 130 часа можете да видите некаква трансформација на вашето тело. "Овде нема магични апчиња или краток пат. Да се биде во форма бара голема посветеност и напорна работа. На поголемиот дел од луѓето им се потребни 130 квалитетни часа за да бидат во форма", вели тој.

Боби вели дека најголеми резултати се постигнуваат кога ќе се излезе од зоната на комфорт, а потсетува и на тоа дека здравата исхрана е понекогаш дури и поважна од самото вежбање.

"Замислете дека вежбањето е како отплата на кредит. Еднаш кога ќе го исплатите, ќе имате повеќе пари месечно. Сѐ доаѓа на наплата и од тоа не можете да побегнете, а без минимално 130 часа, нема успех. Крај на приказната", заклучува тој.