Колку радикално Мет Дејмон ги воспитува ќерките?

Колку радикално Мет Дејмон ги воспитува ќерките?

Никој не сака “размазени детишта” па токму затоа еден од најпопуларните холивудски актери презел мерки со цел неговите четири ќерки да не се претворат во тоа.

Славата и богатството кои доаѓаат со кариерата се големи предизвици за родителите. Токму за проблемите на познатите родители говорел и Мет Дејмон, една од најголемите ѕвезди на светот и татко на четири девојчиња, во интервју за “Today”.

Иако признал дека би било полесно едноставно да ѝ се препуштат на “струјата”, Мет и неговата сопруга Лусијана Баросо веќе со години се борат нивните ќерки да израснат во нормални луѓе.

“Колку сте пославни и побогати, толку повеќе добивате подароци и бесплатни работи. Луѓето, обожавателите и деловните партнери речиси секојдневно нѝ испраќаат некои ситници, но ние одлучивме да не задржуваме ништо од тоа, дури и ако испратат нешто многу кул што би им се допаѓало на децата” – изјавил Дејмон и објаснил дека со овој став не сака да ги омаловажи добиените подароци ниту има намера да навреди некого, но смета дека неговите деца веќе имаат сè што ќе посакаат и ништо од тоа што ќе го добијат не им е потребно.

“Многу добро се сеќавам на своите почетоци и тешко заработените долари, а тоа е искуство кое сакам да им го пренесам и на своите ќерки. Сакам да научат да ја ценат вистинската вредност на секој заработен долар, што е лекција која сигурно не би ја научиле доколку им дозволуваме да задржат сè што ќе добијат како подарок”, посочил познатиот татко.

Семејството на Мет ги подарува ситниците што ги добива на оние на кои им се потребни, а за ќерките Алексија (19), Изабела (11), Џиа (9) и Стела (7) кои не секогаш се сложуваат со оваа одлука, популарниот актер вели:

“Со текот на времето ќе сфатат дека ова е одличен потег бидејќи без ова, тие би се претвориле во размазени детишта, а тоа никој не го сака”.