Колку ќе чини венчавката на принцот Хари и Меган Маркле?

Колку ќе чини венчавката на принцот Хари и Меган Маркле?

Долго очекуваната венчавка на британскиот принц Хари и неговата вереница Меган Маркле веќе оддамна се знае каде ќе биде одржана.Но, сеуште не се знае кој ќе ги сноси вртоглавите износи на трошоците на целата церемонија.


Кон крајот на ноември, минатата година, Кенсингтонскта палата објавила дека венчавката на принцот Хари и Меган Маркле ќе се одржи во мај 2018. година и дека трошоците, во потполност, ќе ги покрие кралското семејство.
Подоцна ја дознавме и датата на свадбата – 19. мај – местото каде што вљубената двојка ќе го изговори судбоносното „да“ – дворецот Виндзор.

И’ додека јавноста прво почнала да се интересира за дијмантскиот прстен на новопечените свршеници, изгледот на венчаницата која Меган би можела да ја носи тој ден како и локацијата на медениот месец во сенка останале големите трошоци кои ќе бидат потребни да се изведе оваа церемонија.

,,Не можам да замислам дека таква раскошна венчавка ќе чини помалку од 500.000 евра“ рекла неодамна за британските медиуми Ејми Дун, позната организаторка на венчавки.
Со оглед на тоа дека Дун се специјализирала за луксузни венчавки добро е упатена во тематиката и открила на што ќе оди најмногу пари.

„Сигурно дека доста ќе издвојат за обезбедување кое тој ден ќе биде на посебно ниво, особено поради се’ почестите терористички проблеми во светот“ рекла органзиторката и додала дека тој ден на улиците на Лондон се очекуваат повеќе од милион граѓани желни барем на момент да бидат дел од тој величествен настан.За обезбедувањето 5 милиони евра!

За оваа венчавка, која ќе се одржи во многу помал и интимен замок од големата Вестминстерска опатија и ќе собере помалку гости, се очекува сепак нешто помал износ. Самата прослава која ќе се одржи веднаш после црквениот обред ќе чини вистинско мало богатство.
„Со оглед на тоа дека принцот Хари сепак не е сигурен иден крал, што било случај со принцот Вилијам, на оваа венчавка не се очекува еднаков број на државници и политичари“ рекла Дун, но додала дека тоа не значи дека нема да има гости.

На церемонијата се очекуваат да бидат присутни околу 600. гости, додека на прославата ќе дојде само половина од нив бидејќи принцот и американската глумица сакаат малку поинтимна венчавка.
Со огледн на досегашните скапоцени стајлинзи на 36 годишната Меган Маркле,сигурно и износот на венчаницата ќе биде прилично висок.