Колку кафе е испиено во серијата Пријатели?

Колку кафе е испиено во серијата Пријатели?

Милиони гледачи на крајот од деведесетите и почетокот на двеилјадитите стрпливо ја чекаа секоја нова епизода од серијата „Пријатели“. Моника, Рос, Чендлер, Фиби, Рејчел и Џои гледавме како се караа, сакаа, забавуваа, дружеа, но највеке како поминуваат време во Централ Парк.

Ниту една епизода не помина без испиено кафе, па еден корисник на друштвените мрежи Кит Лавлејс се запраша колку чаши кафе се испиени за време на снимањето на серијата.

Според податоците до кои има дојдено, најголем љубител на кафе е Фиби со 227 испиени чаши кафе за 236 епизоди, додека најмалце испиено има Рејчел со 138 чаши кафе и покрај тоа што се најде во улога на келнерка.

Највеќе кафе е испиено во сезоните четири, пет и шест. Собрано се до сега, Кит има пресметано дека на кафе е потрошено повеќе од две илјади долари или 208 долари по сезона.