Колку вредат Кутињо и Дембеле?

Колку вредат Кутињо и Дембеле?

Вртоглави 160 милиони евра Барселона издвои за трансферот на Филипе Кутињо од Ливерпул.

Сепак, многумина не се сложуваат со тоа што клубовите започнаа пракса на исплаќање на огромни суми за ангажман на фудбалерите. Според човекот кој што го откри Лионел Меси, Жозеп Мариа Мингуела, Кутињо не вреди толку пари.

„Кутињо не вреди 160 милиони. Тој е добар играч, ќе му помогне на тимот, но не вреди толку колку што беше платен“, изјави Мингуела и додаде:

„Истата работа е и со Дембеле. Платен е 140 милиони евра само за да се најде замена за Нејмар. Ниту тој не вреди толку пари. Иако моментално владее лудило на фудбалскиот пазар, ова не се реални цени на овие фудбалери“, изјави Мингуела.