“Колиба” на плажа од соништата

“Колиба” на плажа од соништата

Оваа прекрасна куќа на плажа се наоѓа во Ел Салвадор, а е дело на архитектонското студио “Cincopatasalgato”. Проектот наречен “Casa Azul” е замислен како вила за одмор за семејство од четворица.

Откако поминале некое време во патување, сопствениците решиле да се вратат во својот роден крај и да изградат семејна куќа која ќе ја одразува нивната отворена природа.

Лоцирана на самата плажа, викенд куќата им дозволува на најмалите членови од семејството слободно да шетаат и истражуваат, додека на возрасните да се релаксираат и да уживаат во прекрасниот амбиент.

Внатрешноста е едноставна и елегантна, со многу рустични, но современи елементи.

Куќата има изглед на модерна колиба, а вклучува отворена дневна соба, четири спални соби, игралиште за деца и голем простор за чување на работи.

Сите соби се пространи, со мали внатрешни градини кои го надополнуваат чувството на одморалиште. Овој рај исто така доаѓа со огромен базен, фудбалско игралиште и прекрасен поглед на океанот.