Која германка е прогласена за најсексипилната спортистка?

Која германка е прогласена за најсексипилната спортистка?

За најсексапилна спортистка на светот прогласена е осумнаесет годишната Aлисија Шмит која живее во Германија, а веќе подолго време професионално се занимава со атлетика.

Оваа ласкава титула атрактивната русокоса успеала да ја освои благодарејќи на нејзините секси фотографии кои редовно ги објавува на социјалните мрежи каде ја следат повеќе од 73.000 следбеници.

Титулата за најсексапилна спортистка ја добила од медиумите и Инстаграм следбениците. За неа се вели дека на Олимписките игри во Токио, кои ќе се одржат во 2020 година, таа ќе биде “кралица на атлетиката”.

Инаку, Шмит оваа година на Олимпијадата за млади успеала да освои сребрен медал, а сега за русокосата која го “запали” светот се прогнозира дека ќе им ги земе медалите на славната Јулија Левченко.