Која е новата членка на "бандата" на Тејлор Свифт?

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 14.10.2016 - 11:23

По Кара Делавињ, Лордe, Лили Олдриџ и Суки Вотерхаус, "бандата" на Тејлор Свифт има нова членка - младата глумица Дакота Џонсон, која стана позната со улогата во филмот "50 нијанси на сиво".

Тие беа забележани заедно во средата, кога присуствуваа на приватен настап на бендот Kings of Leon, чиј пејач е сопруг на Лили Олдриџ.

Тејлор е позната по тоа што обожава да прибира славни пријателки со кои лудува до раните утрински часови. Изгледа дека сфатија дека мирните девојки не се најпопуларни во моментов, па го пронајдоа совршениот рецепт за популарност. Сепак, поинтересно од една "збесната" ѕвезда се повеќе "збеснати" ѕвезди на едно место! :)

Да се надеваме дека ова пријателство ќе потрае, бидејќи Тејлор е позната по тоа што не "ги штеди" тие што ќе ѝ згрешат. :)