Која е Људмила Путин?

Која е Људмила Путин?

Oд секогаш мистериозни биле нештата за  приватниот живот на еден од најмоќните луѓе на светот, претседателот на Русија, Владимир Путин, но и неговите најблиски луѓе.

Руските новинари ретко кога се осудуваат да напишат нешто повеќе за неговиот приватен живот, а некои дури и кога ќе пренесеа некоја скромна информација, веднаш беа присилени да се повлечат од својата функција, а паѓаа и цели медиуми. Уште помалку се знае за неговата поранешна сопруга Људмила Александровна со која што Владимир Путин беше во брак речиси 30 години.

Пред во 1983-та година да се омажи за Владимир, Људмила работела како стујардеса во руската авиокомпанија „Аерофлот“. Таа течно зборува француски, германски и шпански јазик. Наводно таа и Путин се запознале преку еден заеднички пријател во Ленинград, сегашен Санкт Петербург на почетокот од 80-тите години од минатиот век.

Владимир и Људмила имаат две ќерки – Марија родена во 1984-та година и Катерина родена во 1985-та година. Додека цела Америка известуваше за тоа како на пример, ќерката на Барак Обама работи во сендвичара за време на летниот распуст, за ќерките на Путин никој не смее да каже ниту збор, а наводно тие го промениле индентитетот и на факултет биле запишани со лажни имиња.

Владимир Путин на почетоците на својата кариера работел во КГБ во германски Дрезден, а потоа се вратил со Људмила во Санкт Петербург каде што работел за руската влада. Иако неговата сопруга имала амбиции, Владимир упорно ја криел од очите на јавноста, а таа подоцна воопшто не уживала во улогата прва дама на Русија.

„Ми говореше дека не сака премногу да патува, ниту јавно да се истакнува. Не ја очекуваше улогата за сопруга на претседателот и не беше спремна за тоа“, изјави Слава Зајцев, руска дизајнерка која што била задолжена за изгледот на Људмила за свечените пригоди.

Разводот го најавиле во јуни 2013-та година на државната телевизија, откако го погледнале балетот „Ла Есмералда“.

„Нашиот брак е завршен поради фактот што ние ретко се гледаме. Владимир Владимирович е целосно посветен на својата работа, децата ни се возрасни и навистина мене не ми се допаѓа публицитетот“, изјави Људмила.

Набрзо потоа, во руските медиуми започнаа да кружат гласини дека таа заминала во манастир. Сепак, минатата година беше објавено дека Људмила повторно се омажила, а нејзин сопруг е Артур Оеретни кој што бил 20 години помлад од неа.

Оеретни е директор на непрофитабилниот Центар за развој на интерперсонални комуникации кој е еден од проектите на поранешната сопруга на Владимир Путин. Неодамна беше објавено дека купиле вила на југозападот на Франција чија што вредност се проценува на повеќе од седум милиони долари.