Кој холивудски пар го освои црвениот тепих овој пат?

Кој холивудски пар го освои црвениот тепих овој пат?

Холивудскиот музичко-актерски пар,актерката Џесика Бил и пејачот Џастин Тимберлејк секогаш привлекуваат големо внимание на црвениот тепих, а тоа не било поинаку ниту пред неколку дена.

Секако, зборуваме за доделувањето на престижните “Златни глобуси”, на кои заљубениот пар повторно блескал.

Само за потсетување, Бил и Тимберлејк се заедно од јануари 2007 година, а во декември 2011 година, Џастин клекна пред убавата актерка.

Here we come!! And DAMN, my wife is hot! #TIMESUP #whywewearblack

A post shared by Justin Timberlake (@justintimberlake) on

Италијанскиот Фасано послужи како идеална дестинација за кажување на судбоносното да, а синот Силас Рандал пристигна во 2015 година како круна на нивната љубов.

Џесика, на црвениот тепих се појавила во прекрасна тоалета со потпис на “Dior”, а денес е при врвот на листата на најдобро облечени славни дами. Истовремено, нејзиниот сопруг кој неодамна повторно се врати на музичката сцена, блескал во црно елегантно одело.

Едно е сигурно – и по 10 заеднички години, Џесика и Џастин изгледаат подеднакво заљубено како и првиот ден.