Кој е волшебниот напиток на жената која не старее?

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 15.02.2017 - 20:39

Кристи Бринкли беше една од најпознатите модели од 80-те, и иако денес има 63 години, изгледа како воопшто да не старее!

Бринкли на 63-годишна возраст успеа дури и да ги засени своите ќерки со кои неодамна позираше во бикини за познатото списание "Sports Illustrated", па затоа сите се прашуваат која е нејзината тајна.

Волшебниот напиток на "жената која не старее" е топла вода со лимон, која Бринкли ја пие секое утро. "Понекогаш додавам и мед", вели таа за оваа комбинација која ја нарекува "утрински еликсир на младоста", и за која тврди дека ѝ го забрзува метаболизмот.

Бринкли вели дека никогаш не држи диети, а покрај "волшебниот еликсир на младоста", тајната на нејзината одлична линија е урамнотежената исхрана.

Навистина, можеби треба да почнеме да ги следиме нејзините совети! :)