Кој е најгрдиот Џејмс Бонд ?

Кој е најгрдиот Џејмс Бонд ?

Има топчест нос,тенки усни,широко лице!Даниел Крег е најгрдиот Џејмс Бонд во историјата на филмовите за агентот 007, покажува тестот за мапирање на лице, пишува Дејли Мејл.

Причина за славење има Шон Конери чие лице е најубаво според истиот тест. Дури 89,2% од цртите на неговото лице се поклопуваат со „совршенството“.

Втор по убавина на листата е покојниот Роџер Мур, а третото место му припаѓа на Тимоти Далтон.

Важно е да се нагласи дека 100% на овој тест не е возможно да се постигне, затоа што совршено лице не постои.

„Дание Крег помина најлошто поради топчестиот нос, тенките усни и широкото лице. Тој има мажествен изглед, но не се поклопува со идеите на Грците за убавина. Од друга страна Шон Конери со години е дефинитивно најубав Бонд, а сега тоа го потврди и тестот. Тој има убаво симетрично лице“, вели естетскиот хирург Јулијан де Силва.