Кој би посакал црн домат?

[04.02.2012 - 11:40 часот]

Израелските фармери на саемот за земјоделство Арава, претставија нова сорта - црн домат. Новиот домат, наречен "црна галаксија", го развија експертите на хортикултурната компанија "Tecnological Seeds DM", кои тврдат дека неговата темна боја е резултат на посебниот пигмент кој потекнува од боровницата.

Пигментот е чувствителен на светлина, па доматот е потемен доколку подолго време е изложен на сонце. 

Како што пишува весникот "Jediot ahronot", црниот домат кој инаку во неговата внатрешност е црвен, содржи висока концентрација на антиоксиданси и витамин Ц кој го поттикнува имунолошкиот систем и помага при спречување на разни болести.

Црниот домат е првенствено наменет за луксузните хотели, а во супермаркетите би требало да се појави во текот на оваа година.

Ова не е единствената необична сорта прикажана на овој саем. Меѓу новите експонати кои можат да се јадат се и црвените лимони и виолетовите моркови.

[назад]
Радио МОФ