Кои се првите 12 екипи во нокаут фазата од Лигата на шампионите?

Кои се првите 12 екипи во нокаут фазата од Лигата на шампионите?

12 екипи веќе се пласираа во нокаут фазата во пресрет на последните натпревари вечерва од групната фаза во Лигата на шампионите.

Кога беа во прашање вчерашните натпревари, немаше некоја голема неизвесност, па во најголемиот дел сето тоа се сведуваше на теоретските шанси некои клубови сепак да успеат да се изборат за пласман во осмина-финалето од најелитното европско клубско натпреварување.

Така на пример Атлетико Мадрид се надеваше на победа во Лондон против Челси, но и на кикс на Рома против Карабах, што на крајот не се случи, а теоретски шанси имаше и Спортинг Лисабон, но за тоа им беше потребна победа на „Камп Ноу“ против Барселона и кикс на Јувентус кај Олимпијакос – исто така и тоа не се случи.

Теоретски шанси имаше и ЦСКА Москва, но руската екипа не успеа да направи подвиг на „Олд Трафорд“, иако имаше водство против Јунајтед кое што сепак го прокоцкаа и на крајот загубија со 2:1.

Тоа значи дека во осмина-финалето пласман обезбедија следниве 12 екипи: Барселона, Базел, Баерн Минхен, Бешикташ, Челси, Јувентус, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, ПСЖ, Реал Мадрид, Рома и Тотенхем.

Треба да се напомене дека речиси сигурно ќе им се придружат и Ливерпул, Севиља, Порто и Шахтјор, но за тоа ќе треба да почекаме да завршат вечерашните натпревари.