Кои се 100-те најубави жени од целиот свет меѓу кои е и младата србинка?

Кои се 100-те најубави жени од целиот свет меѓу кои е и младата србинка?

Критичарите од “The Independent Critics”, односно “TC Candler” кој на социјалните мрежи го следат половина милион луѓе, составиле листа на сто најубави жени на светот.

На крајот од оваа 2017 година, тие повторно направиле листа од најубавите жени од светот на музиката, филмот и модата.

Она поради кое оваа листа е посебно интересна и за Балканот е фактот што на 80-то место се најде моментално најпопуларната тинејџерка на овие простори, Марија Жежељ. Зад неа на списокот се најдоа Кара Делевињ (100-та), Моника Белучи (98-ма), Алексис Рен, Кели Гејл, Кеира Најтли и Шеј Мичел.

Иако Марија има само 17 години, таа минатото лето го издаде својот прв музички сингл “Dance Like Nobody’s Watching”, кој е едно од најгледаните видеа на YouTube. Пред еден месец таа објави и нова песна, “Louder Than A Drum”.

На Инстаграм ја следат половина милион обожаватели, додека на YouTube има над 130 илјади претплатници. Своевремено, нејзина фотографија сподели и Кајли Џенер.

22 on @marijazezelj, available now!

A post shared by Kylie Cosmetics (@kyliecosmetics) on

Од познатите дами, Кејт Бекинсејл се најде на 70-то место, унгарската манекенка Барбара Палвин е на 63-то место, Лили Колинс е 58-ма, Селена Гомез е 56-та, Марго Роби е 33-та, а Емили Кларк е 27-ма.

Во топ 20 влегоа и Тејлор Хил, Лупита Нјонг’о, Џени Ким, Јаел Шелба, Октиабрина Максимова, пејачката Лиса, Ема Вотсон, Одрејана Мишел, Бела Хиткот, Антониа Јакобеску, Камила Беле, Голшифтех Фарахани, Ју Јунгји, Аделаид Кејн, Џордан Дан, Нана, Сара Годон, Цују и “најубавото девојче” Талејн Блонду, додека првото место го зазеде актерката, пејачка и манекенка Лиза Соберано.