Ќерките на Џеј Ло и Алекс Родригез веќе се најдобри другарки

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 21.04.2017 - 17:13

Врската на Џеј Ло и Алекс Родригез стана доста сериозна. Парот неодамна беше заедно на одмор во Доминиканската Република, заедно со своите деца кои судејќи по фотографиите одлично се сложуваат.

Нивните деца од порано се знаат, а Џен сподели фотографија на Инстаграм од Ема на која Наташа ја носи на грб и сите забележаа дека тие две си личат и дека можат да поминат како сестри. Погледнете ја фотографијата и уверете се и сами.