Ќе се заљубите во овој полароид фотоапарат!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 31.01.2017 - 21:08

Се вика Instax mini 8, а доаѓа во облик на најслаткиот полароид фотоапарат што сте го виделе и дефинитивно ќе посакате да го имате!

За помалку од една минута откако ќе фотографирате нешто, од горниот дел на Instax mini 8 излегува фотографија со димензии 5.3см х 8.4см, или нешто помала од фотографиите кои излегуваа од старите полароид фотоапарати.

Фотографиите излегуваат во винтиџ-стил и ги собира во новчаник, а за тие на кои ни ова не им е доста, Instax mini 8 е опремен со разни додатоци како симпатични футроли, налепници за фотографиите и слично.

Instax mini 8 доаѓа во неколку бои, односно пастелни нијанси на сина, розова и жолта, како и црна и бела. Интересно е што овој фотоапарат не смее да се користи на температури пониски од -5 или повисоки од +40, така што ако планирате да одите во Исланд или во Сахара, нема многу да ви користи. :)