Ќе има и трет "Шерлок Холмс"[28.01.2012 - 11:29 часот]
|
Режисерот Гај Ричи го потпиша договорот за снимањето на следното продолжение на приказната за детективот од улицата Бејкер.
Како и претходните два филма, така и овој пат Ричи ќе го режира делото со глумците Роберт Дауни Џуниор и Џад Лоу во главните улоги.

Второто продолжение на популарниот серијал "Шерлок Холмс: Игра на сенките" ја доживеа својата премиера во кино салите минатата година, а сега за сега, не е откриено кога ќе можеме да го гледаме и третиот дел за чие сценарио е задолжен Дру Пирс кој го напиша и сценариото за филмот "Iron Man 3".
Снимањето треба да започне во Лондон, но се уште не се знае точниот датум бидејќи "Шерлок" моментално е во Лос Анџелес каде што поминува време со својата жена Сузан која би требало да се породи за неколку месеци.
| [назад] |















