Кире Лазаров е најдобар спортист за 2016 година!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 24.12.2016 - 17:00

Најдобриот светски десен бек и капитенот на нашата машка ракометна репрезентација, Кире Лазаров беше прогласен за најдобар спортист во Македонија за 2016 година на вчерашната церемонија на доделување на наградите.

Со тоа Лазаров ги остави зад себе и другите успешни спортисти, како пливачот Томи Стефановски и каратистот Емил Павлов.

Ова е трета ваква титула за нашиот најдобар ракометар, а наградата дојде сосема заслужено откако тој беше прогласен и за најдобар десен бек во светот.

"Се чувствувам гордо и задоволно да бидам избран за најдобар спортист во оваа наша земја. Минатата сезона беше турбулентно успешна за нас. Но, од грешките се учи, во иднина ќе бидеме подобри. Спортот инспирира и обединува, а ние во последно време како земја, како Македонија, не делуваме така обединето. Се надевам дека тоа ќе го решиме и сите ќе се обединиме и ќе ја претставиме земјата која ја сакаме на најдобар начин. Ќе одиме на Светско првенство скромно, вредно работиме и повеќе од сигурен сум дека имаме и оваа наша земја не треба да се грижи за својата иднина. Нè очекуваат тешки натпревари, иако веројатно за првпат одиме како аутсајдери. Ја подмладивме репрезентацијата и ако сме обиденети можеме да изненадиме", изјави Лазаров.

Инаку, нашиот најдобар ракометар после врачувањето на наградата се враќа во Маврово, каде во тек се завршните подготовки на нашата репрезентација пред претстојното Светско првенство.