Ким Кардашијан како прва дама на Америка!

Ким Кардашијан како прва дама на Америка!

По многуте провокативни фотосесии овој пат Ким Кардашијан ја гледаме во друго издание, и тоа не било какво туку како првата дама на Америка,Џеки Кенеди.

Иако стилот на Ким и Џеки драстично се разликува, реалити ѕвездата се врати во 60-тите благодарение на ретро фризурата, облеката и бисерните обетки.

Фотосесијата, дело на Стивен Клајн, е објавена во новото издание на Interview Magazine и е прва фотосесија за насловна страна на 4 –годишната Норт, која заедно со Ким се појавува на фотографиите.