Ким Кардашијан за првпат проговори за траумата од грабежот!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 09.01.2017 - 14:19

По неколкумесечниот молк и повлекување од јавноста, Ким Кардашијан конечно се отвори за трауматичното искуство кога беше ограбена во хотелска соба во Париз.

Во новата епизода од нејзиното семејно реално шоу, Ким низ солзи им раскажува на своите сестри Кортни и Клои за моментот кога ограбувачите ѝ впериле пиштол: "Во тој момент мислев дека ако се свртам ќе ме застрелаат во грбот. Само кога ќе помислам на тоа ужасно се вознемирувам", вели Ким.

Во истата епизода го има и моментот кога Ким дознава за хоспитализацијата на нејзиниот сопруг Канје Вест, која се случи во Ноември: "Не ме плашете ве молам! Што се случува?", прашува вознемирената Ким.

Ќе биде интересна епизода! :)