Ким Кардашијан – Селфито излезе од мода

Ким Кардашијан – Селфито излезе од мода

Постои причина зошто интернетот ја именува Ким Кардашијан за кралица на селфито.

Оваа реалити ѕвезда не научи и како правилно да го фотографираме совршеното селфи. Меѓутоа, дали сте приметиле дека веќе со месеци Ким нема објавено ниту едно селфи? Се чини дека таа ера е завршена за најпознатата старлета на светот.

Ким и Клои од неодамна снимија интересен клип како би ја промовирале новата сезона на Во чекор со Кардашијан, во кој одговараја на уникатни прашања. А кога Клои ја праш Ким дали прво би одбрала никогаш да не направи селфи или да не објави снепчет, Ким без размислување одговори – Никогаш да не направам селфи. Селфито и така е веќе завршена приказна. Тоа е така од пред две години.

Овој одговор не само што ја изненади јавноста, туку и самата Клои. На крајот на краиштата, Ким едно време беше толку опседната со селфи што издаде и Селфи книга, а поради неа овој тренд на фотографирање го освои целиот свет.

Добро е познато дека Кардашијан ги прават трендовите, па само е прашање на време кога селфито ќе исчезне од нашите приватни галерии.