Ким Кардашијан повторно започна расправија со Тејлор Свифт

Ким Кардашијан повторно започна расправија со Тејлор Свифт

Ким Кардашијан во понеделникот на Инстаграм објави фотографија на која гледаме како со мобилен телефон ја фотографира восочната фигура на Кање Вест и Тејлор Свифт кои лежат голи во кревет.

Се работи за фигурите кои се изложени на изложбата Famous, а кои беа во видео записот на Кање за истоимената песна.

Во песната Кање ја спомнува Тејлор и пее – I made that bitch famous – стихот поради кој заратуваа Ким и Кање против Тејлор.

Тејлор тогаш изјави дека не знаела дека Кање во песната ќе ја нарече к***а, а потоа Ким објави снимка од нивниот разговор и ја нарече Тејлор змија.

Свифт им се одмазди на новиот албум Reputation, а нејзините фанови сметаат дека Ким не ја објавила случајно оваа фотографија, па ја нападнаа во коментарите.

famous

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on