Ким Кардашијан со ново реално шоу

Ким Кардашијан со ново реално шоу

Ким Кардашијан е жена која не застанува кога е работата во прашање.

Само што ги претстави новиот парфем и апликација, ѕвездата веќе лансира нов проект.

Во прашање е реално шоу со име Glam Masters, каде ќе и се придружи и нејзиниот личен шминкер Марио Дедивановиќ од Црна Гора.

Засега се знае само дека Ким ќе биде извршен продуцент, а Марио еден од судиите во овој шоу програм кој ќе почне да се прикажува од 28 февруари.

Бев многу несигурна во овој проект. Бев многу исплашена бидејќи не знаев што да очекувам. Сепак ова стана едно од моите најдобри искуства во мојата кариера. Емотивно е и реално. Одвај чекам сите тоа да го видат. Главната награда на некој буквално ќе му го смени животот. А ако сакате шминка ова ќе биде вашата омилена емисија. – изјави Ким во едно интервју.

Засега е објавен само трејлер од 40 секунди, кој не открива многу, па се надеваме дека наскоро ќе дознаеме нешто повеќе за оваа емисија.