Ким Кардашијан на Твитер го објави името на ќерката

Ким Кардашијан на Твитер го објави името на ќерката

Ким Кардашијан и Канје Вест го претставија името на нивната штотуку родена ќерка, Чикако Вест.

„Норт, Сент и Чи”, напишала Ким Кардашијан на Твитер.

Таа посочи дека нагалено името ќе се изговара Чај, а не Чи. Двојката веќе има две деца – 4-годишно девојче по име Норт и 2-годишно момче – Сент.

Името е инспирирано од родниот град на раперот, а после Норт и Сеинт, реакциите на твитер се дека Ким и Канје се надминаа себе си со „уникатните“ имиња.

Сурогат мајката, чиј идентитет не се соопштува, добила 45 000 долари, за да го роди третото дете на двојката, посочува Специјализираниот сајт за вести од шоубизнисот TMZ.