Ким има уште едно порно?[21.02.2012 - 15:20 часот]
|
Старлетата е повторно мета на трачеви, бидејќи на Интернет кружи порно снимка со девојка која "необично личи на неа".
Ким Кардашијан денес е една од најголемите риалити ѕвезди, иако "кариерата" во шоу бизнисот ја започна така што на Интернет се појави нејзиното домашно порно кое го направи со пејачот Реј Џи.

Американските таблоиди пренесуваат дека Ким, главната ѕвезда на најбогатото телевизиско семејство, моментално е во преговори со адвокатите со цел да го спречи објавувањето на уште една порно снимка.
На снимката е прикажана убава бринета која навистина личи на Ким, во "акција" со непознат маж.
Снимката трае помалку од еден час, а моментално непознатиот сопственик се обидува да ја продаде. Кардашијан не се произнесе по повод шпекулациите дека е таа на снимката.
Старлетата неодамна се разведе од кошаркарот Крис Хамфрис, со кој беше во брак "цели" 72 дена, а гламурозната свадба како и распадот на врската се прикажани во нејзиниот риалити шоу "Ким и Кортни го освојуваат Њујорк".
| [назад] |















