Ким и Канје за првпат заедно по проблемите!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 21.12.2016 - 11:52

Папараците успеаја да ги уловат Ким Кардашијан и Канје Вест како заминуваат заедно од ресторанот Џорџио Балди во Санта Моника, и ова официјално е нивното прво заедничко појавување во јавноста откако се случи нервниот слом на Канје, по што тој беше присилно хоспитализиран.

Ова појавување ги затвори устите на разните гласини во јавноста дека Ким и Канје се пред развод, посебно бидејќи Ким неодамна се појави без вереничкиот прстен.

Според изјавите на присутните таа вечер, Ким и Канје поминале тивка и пријатна вечер, и гласно се смееле при заминувањето од ресторанот. Изгледа дека работите полека се враќаат во нормала. :)