Ким без шминка и високи штикли

[01.02.2012 - 15:03 часот]

Тоа е глетка која не може да се види често, Ким Кардашијан без шминка, накит, високи потпетици, испеглана коса... но, за промена, добро е и да ја запознаеме таква.

Неодамна, во жолтиот печат можевме да прочитаме како најпознатата старлета во светот и се посветила на верата по нејзиниот развод од пред неколку месеци.

Имено, таа почнала редовно да оди на служба во црква, а има и намера да основа група за читање на Библијата заедно со уште неколку пријателки.

Да се надеваме дека во сето ова нема заборавено на својот изглед, бидејќи без разлика дали би сакала да признае или не, тоа е причината поради Ким е денес тоа што е. 

Фотографите ја снимија Ким вчера во Лос Анџелес, кога со своето бело Ферари пристигна во локалната теретана.

Популарната 31-годишна старлета беше облечена во црни хеланки и поткошула, но по излегувањето од автомобилот, стави очила за сонце, веројатно веднаш штом ги забележа фотографите.

Но, само неколку часа подоцна, Ким сепак се врати во форма.

Веројатно сакаше да докаже дека она што претходно го снимија фотографите, не е вистинската Ким, па на Твитер стави своја фотографија на која носи облека од нејзината нова колекција, а малку подоцна следеше уште една фотографија и прашање упатено до фановите: "Ви се допаѓа ли мојата нова фризура?"

Како и да е, вам повеќе ви се допаѓа онаа "стандардната" Ким која заведува и освојува машки срца...

[назад]
Радио МОФ