Kia Niro EV 2018

Kia Niro EV 2018

Кia ќе го додаде третиот модел во нивниот Niro лајн-ап наредната година во вид на комплетно електрична верзија.

Додавањето на Niro EV ќе придонесе до целта на Kia и нивниот сестрински бренд Hyundai, а тоа е лансирање на 31 електрифицирани модели до 2020-та. Niro EV ќе се приклучи на хибридната и plug-in хибридната верзија на Niro моделите.

Niro EV ќе го преземе погонскиот систем од Ioniq EV на Hyundai, кој се состои од 28kWh литиум-јонска батерија и електричен мотор кој генерира 120 коњски сили и 295Nm вртежен момент. Кај Ioniq, дометот изнесува 280 километри со едно полнење на батеријата.

Според Kia, наместо развивање на нови електрифицирани возила како Niro, тие ќе се фокусираат на вметнување на алтернативни погони во нивните клучни модели.

Во поглед на другите модели на Kia, новиот Stonic нема да добие хибридна или електрична верзија бидејќи овој SUV е базиран на истата платформа како и Rio супермини, додека од Hyundai имаат потврдено дека ќе следи електрична верзија на Kona бидејќи моделот е базиран на новата платформа која тоа го дозволува.