KFC и Huawei го презентираа својот прв заеднички паметен телефон

KFC и Huawei го презентираа својот прв заеднички паметен телефон

Компанијата Kentucky Fried Chicken потпиша договор со кинескиот технолошки гигант Huawei и на пазарот двете компании го пласираа нивниот прв заеднички паметен телефон по повод 30 години присуство на Kentucky Fried Chicken на пазарот во Кина.

Станува збор за ограничен модел наречен KFC Huawei 7 Plus кој што доаѓа во црвена боја, а на задната страна се наоѓаат логоата на компаниите и е испишана „историската“ 1987-ма година.

Kentucky Fried Chicken и Huawei се присутни од 1987-ма година – KFC го отвориле првиот свој ресторан на плоштадот Тианамен, додека Huawei имале скромен почеток во Индустрискиот парк Шенжен со мала продавница во која што биле вработени 14 луѓе.

Уредот доаѓа со инсталирана KFC апликација, пристап до „К-музиката“, новата џубокс функција на KFC која што овозможува слушање на песните кои што се пуштаат во еден од 4 илјадите ресторанти на KFC во Кина.