Кевин Спејси повеќе не е дел од актерската екипа на филмот „Сите пари на светот“

Кевин Спејси повеќе не е дел од актерската екипа на филмот „Сите пари на светот“

Во завршениот филм на Ридли Скот „Сите пари на светот“, актерот Кевин Спејси ќе биде „исечен“  и неговата улога ќе ја добие Кристофер Пламер, малку повеќе од еден месец пред премиерата.

Анонимни извори блиски до продукцијата изјавиле дека Пламер веднаш почнува да ја снима улогата на Џон Пол Гети. Сите сцени со Спејси ќе бидат преснимени. Во преснимувањето се очекува да учествуваат и Марк Волберг и Мишел Вилијамс. Ридли Скот планира да заврши се до веќе закажената премиера во САД на 22 декември.

Прво беше предвидено светската премиера на филмот да биде на 16 ноември во Лос Анџелес на фестивалот на Американскиот филмски институт.

Филмот беше повлечен претходно оваа недела поради обвинувањата за сексуално малтретирање против Спејси. Кевин Спејси беше отпуштен и од серијата „Куќа од карти“.