Keндал Џенер во шопинг на дијаманти со момчето!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 19.01.2017 - 12:49

Вчера, Кендал Џенер и раперот за кој јавноста е речиси сигурна дека ѝ е момче - A$AP Rocky, беа забележани од папараците во престижната Дијамантска улица во квартот Сохо во Њујорк.

Оваа улица е позната по тоа што на неа се наоѓаат најексклузивните продавници за скапоцен накит, а холивудските ѕвезди се чести посетители. На Кендал и A$AP Rocky друштво им правеа Кајли Џенер и нејзиното момче Тајга, и никој не штедеше ниту прашуваше за цена.

Кендал и A$AP Rocky беа фатени во неколку романтични моменти, што дополнително ги разгоре гласините дека се заедно.