Кендал Џенер ја покажа огромната тетоважа од змија!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 06.01.2017 - 12:59

Новата година започна со нови модни ангажмани за манекенката Кендал Џенер, па така, само неколку денови по почетокот на 2017-та таа заблеска на насловната страна на списанието "V"!

21-годишната Кендал за "V" позираше заедно со своите колешки Џоан Смолс, Амбер Валета, Лара Стоун, Елен Роса и Керолин Марфи, а јануарската тема на списанието беше тела и тетоважи.

 

Оваа џиновска тетоважа во облик на змија на задникот на Кендал не е вистинска, туку е направена за потребите на снимањето, а стилистите ја искомбинираа со темна и заводлива сенка за очи.

@vmagazine

A video posted by Kendall (@kendalljenner) on Jan 5, 2017 at 10:16am PST

 

Во интервјуто што го даде за списанието, Кендал призна дека пирсот што го има на брадавицата го направила во бунтовничка фаза од нејзиниот живот, а инспирација ѝ била Ријана. "Болеше повеќе отколку што другите ми раскажуваа", се присети Кендал.

Вистинска тетоважа или не, сигурни сме дека 2017-та ќе биде нејзина година! :)