Кендал Џенер и A$AP Rocky на романтична прошетка низ Париз!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 24.01.2017 - 12:55

По веста дека пред некој ден беа забележани во шопинг на дијаманти заедно, а не им е ни првпат да бидат фатени во романтично издание, јавноста е сигурна дека Кендал Џенер и A$AP Rocky се во врска, иако тие сеуште не потврдиле.

Овојпат, Кендал Џенер и A$AP Rocky беа забележани од папараците додека заедно шетаа низ улиците на Париз. Тие ги прошетаа локалните продавници за антиквитети, а потоа прошетаа и низ таканаречениот "бувљак" пазар.

Кендал Џенер и A$AP Rocky се дојдени во Париз за да присуствуваат на Модната Недела, но раперот ја искористи оваа прилика да ги поведе со себе и раперите од својата екипа, а Кендал уживаше во нивното друштво.

Иако не потврдуваат, Кендал Џенер и A$AP Rocky дефинитивно се новиот славен пар! :)