Кендал Џенер како Роки на снимањето на календар

Кендал Џенер како Роки на снимањето на календар

Магазинот LOVE традиционално прави серијал од сексипилни видео снимки со најубавите жени на денешницата, додека истовремено ги фотографира за календар.

Темата на овогодинешниот календар беше спорт, а во изработката учествуваа едни од најбараните убавици на денешницата, меѓу кои беа сестрите Хадид, Кендал Џенер, Хејли Болдвин, Стела Максвел, Кејт Аптон, Ешли Грахам, Емили Ратајковски.

На Кендал оваа година и припадна честа да биде во видео инспирирано од легендарниот боксер Роки.

Така таа во видеото како Роки, испи живо јајце, но и покажа како потењето може да биде секси.