Кејт Мидлтон воодушеви со нејзината модна комбинација

Кејт Мидлтон воодушеви со нејзината модна комбинација

Првиот ден од тенискиот турнир на Вимбледон започна со кралската посета, во секоја смисла на зборот – на трибините се појави Војвотката од Кембриџ.

Познато е дека Кејт е голем фан на тенисот, па ова не и е прво појавување на познатиот турнир. Сега ја покажа новата фризура, а одбра и бел фустан со црни точки, кој го дизајнираше Dolce & Gabanna.

Наместо стандардни clutch торбички, Војвотката овој пат носеше торбичка дизајнирана од  Викторија Бекам, од мека бела кожа, како и црни сандли со високи потпетици.

Мораме да признаеме дека нејзиниот моден избор, како и секогаш е беспрекорен.