Кејт Мидлтон се врати во јавноста со заоблено стомаче!

Кејт Мидлтон се врати во јавноста со заоблено стомаче!

По објавувањето на веста дека го очекува своето трето дете војводката ја немавме видено повеќе од месец, за сега конечно да се појави во јавноста .

Војвотката за последен пат ја видовме на 30-ти август, по што направи мала пауза од јавните настани поради утринските мачнини и проблематичната бременост.

Судејќи од нејзиното синоќешно појавување во Бакингамската палата, заедно со принцот Вилијам и принцот Хари, Кејт е во добра здравствена состојба. Војвотката блесна во прекрасен син фустан под кој дискретно се наѕира заобленото стомаче.