Ќе се снима серија Господар на прстените

Ќе се снима серија Господар на прстените

Студиото Warner Bros влезе во преговори со продукција на Амазон која е заинтересирана за купување на правата за романите на Толкин, Господарот на прстените, за да ги пренесе во ТВ серијата, пишува магазинот Variety.

Се додава дека преговорите сé уште се во раните фази, како и дека директорот на Амазон, Џеф Безос лично се вклучил.

Variety пишува дека Амазон преку адаптацијата на култната приказна сака да постигне глобален успех еднаков на серијата Game of Thrones на HBO.