Катарина Радивојевиќ во солзи поради видео во кое е гола

Катарина Радивојевиќ се прослави со улогата во филмот Зона Замфирова, по што имаше неколку улоги во српските филмови, но проба да изгради и кариера надвор од границите на Србија.

Посебно беше интересна нејзината улога во рускиот филм Морфиум, поради кој се најде на столбот на срамот и пред филмот да се појави пред гледачите. Се поради сцена која многу ја оценија како експлицитна, а во кој српската актерка е потполно гола.

Таа се присети на медиумската тортура низ која помина и поради која заплака пред камерите на една тв емисија во која гостуваше.

Многу сум разочарана. Тоа е причината поради која не сакам да живеам и работам во оваа земја. Иако е моја, иако многу ја сакам… Мене многу ми е жал но тоа е така. – раскажува таа