Карпош Соколи забележаа пораз

Карпош Соколи забележаа пораз
Карпош Соколи и во шестиот натпревар од ФИБА Еврокупот, забележа пораз, во натпревар каде ни одблиску не беа рамноправен противник.

Скоро и очекувано, на домашен терен, Карпош Соколи беше прегазен од унгарската екипа Фалко со резултат 104:43.

На овој натпревар Карпош Соколи играше со седум кошаркари, од кои половината од нив беа младинци, кои го почувствуваа моментот да играат во Европа.

Атанасов беше најефикасен во редовите на соколите со 9 постигнати поени, и со овој пораз Карпош Соколи се збогува од ФИБА Еврокупот.