Карло Анчелоти со изјава: Зидан ми призна дека ова е злосторство

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 19.04.2017 - 13:36

Роналдо постигна три гола, унгарската судиска тројка на чело со Виктор Кашаи го режираше реванш дуелот од четвртфиналето во Лигата на шампионите и Реал по продолженијата со вкупни 4:2 се пласираше меѓу четирите најдобри екипи на Стариот континент.

До 84. минута гледавме одличен натпревар во кој унгарскиот арбитар грешеше, но впечаток е дека двете екипи беа подеднакво оштетени.

„Мислам дека вечерва сите се уверија дека конечно е време во фудбалот на ова ниво да се воведе технологија. Недозволиво е патникот во полуфиналето од Лигата на шампионите да се добие по вакво судење“, изјави Анчелоти и додаде: „Задоволен сум како моите играчи играа. Се беше одлично освен судиите, а тоа е штета. Судијата го уништи натпреварот. Многумина ќе кажат дека ова што се случи на „Бернабеу“ е смислено плански, за во финалето да заиграат Реал и Барселона. Таа теорија возможна особено ако се сетиме како Каталонците го минаа ПСЖ во осминафиналето.“ Сепак, поранешниот тренер на Реал не се сложува со тоа.

„Не се сложувам со тие теории. Не мислам дека некој од Реал ги замешал прстите во ова што се случи. Едноставно судиите беа лоши. Не бев љубител на технологијата во фудбалот. Од вечерва ја сакам. По натпреварот разговарав со Зидан и тој ми призна дека судењето било криминално. Но сега кога испаднавме би сакал Реал да оди до крајот. Сите знаат дека јас сум Реаловец и на Зидан и неговите играчи им посакувам многу среќа“.