Карли Клос открива – Ми рекоа дека сум предебела и преслаба во ист ден

Карли Клос открива – Ми рекоа дека сум предебела и преслаба во ист ден

Супермоделот Карли Клос од неодамна на Меѓународниот фестивал на креативноста одржан во Кан зборуваше за некои непријатни работи со кои се среќавала во текот на кариерата.

Во еден ден агентите на кастингот ми рекоа дека сум и предебела и преслаба, откри 24 годишниот модел. Додаде и дека не верува дека постојат совршени пропорции, како и дека производителите на облека треба да се фокусираат на производство на облека за различна градба и величина.

На младите девојки ги советуваше да се свртат повеќе кон здравата исхрана и здравјето, а помалку на бројката која стои на вагата.

Никој друг не сакам да го задоволам, само самата себе, додаде таа.